Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ВИДЕО: Повратник од Германија задоволен од 300 евра минимална плата

/

пред 1698 дена

Сподели преку :

Повратникот од Германија Полико Авдиу немаше лоши зборови за минималната плата од 18.000 денари, па владината служба за информирање ги сподели преку посебни видео неговите зборови искажани при посетата на премиерот Димитар Ковачевски на фабриката Текстил солушн во Скопје.

Авдиу, кој работи како шивач 8 години во оваа компанија, направи споредба меѓу двете земји бидејќи работел и во Германија претходно, од каде се вратил за да живее и работи дома. Оцени дека условите за работа постојано се подобруваат, како во однос на унапредување на технологијата на машините, така и во насока на зголемување на платата, со што се подобрува куповната моќ и стандардот за живеење.

– Сега 18.000 денари мислам дека не е многу ама за еден скромен живот ќе се онади. Мислам дека и понатаму ќе растат платите, ако работиме повеќе, директорите ни носат нови и нови машини и продуктивноста ќе расте – рече Авдиу, а видеото со неговата изјава е споделено на Youtube каналот на владата.