Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Владата одобри продолжен престој на учениците во основните училишта и почеток на работа на центрите за лицата со попреченост

/

пред 2195 дена

Сподели преку :

Македонската влада на денешната седница ја одобри организацијата на продолжен престој на учениците во основните училишта за одделенијата кои ќе започнат настава со физичко присуство, со препорака продолжениот престој да се организира и реализира со ученици од иста паралелка и од исто одделение, без мешање на различни паралелки и одделенија.

Владата исто така ја прифати и препораката на комисијата за заразни болести да почнат со работа и дневните центри за лица со попреченост, со стриктно почитување на мерките и веќе усвоениот протоколот за работа на дневните центри во услови на епидемија со КОВИД-19.
На денешната седница Владата донесе одлука и времено да ја суспендира одлуката за флексибилно работно време за сите вработени во државната управа и, наместо сегашното работно време од 07:30 до 15:30 и од 08:30 до 16:30, од први октомври за сите ќе важи работното време од 08:00 до 16:00 часот.