Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Владата пред одлука за полициски час

/

пред 2040 дена

Сподели преку :

Владата денеска на седница треба да одлучува по предлогот на министерството за здравство и комисијата за заразни болести за воведување полициски час од 22:00 часот навечер до 05:00 наутро на територија на цела држава.

Комисијата оценува дека ваквата ригорозна мерка ќе има ефект, а засега предлогот е да трае две недели, колку еден епидемиолошки циклус.

Анализите покажуваат дека расте бројот на заразени и ќе расте и бројот на хоспитализации.

Министерот Филипче вели дека епидемиолозите имаат поделени мислења, бидејќи новиот бран не се знае дали ќе идентичен во оној во месец ноември. Во моментов во земјава се активни 8.863 случаи на заболени со ковид-19, а починаа вкупно 3.206.