Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Владата со попусти, гратис храна и пијалок ќе ги стимулира младите да се вакцинираат- а за старите ќе смисли и рестрикции и стимулирање за да се „засука“ ракавот

/

пред 1725 дена

Сподели преку :

По примерот на западните земји, каде со сертификатот за вакцина, младите добиваат попусти, гратис храна, пијалок и други награди и Владата планира стимулативни мерки за привлекување на оваа група граѓани да се вакцинираат, додека за возрасните ќе се комбинираат стимулации со рестрикции.

  • Владата ќе спроведе позитивни стимулативни мерки кон младите со цел да го зголеми интересот и процентот на вакцинирани млади како целна група која има најголем отпор кон имунизацијата, а од друга страна ќе воведува нови мерки на стимулација и рестрикција кога е во прашање возрасното население, а со единствена цел заштита на здравјето на севкупната популација во земјата.

Во програмата на новата Влада предводена од Димитар Ковачевски се предвидуваат стимулативни мерки за зголемување на интересот за вакцинација кај младите, како целна група која има најголем отпор кон имунизацијата.

Харвард, филозофски мисли, уживање во документарци за меѓународен пазар, преводи на Џејн Остин и Ајнштајн-што пишале кандидатите за министри во своите биографии

Мерките на Владата, како што се наведува, се во насока на одржување на здравствените домови во полна кондиција и со персонал и со број на легла и технички капацитети за да ги опслужуваат граѓаните.

  • Процесот на вакцинација е клучен за да се спречат тешки симптоми кај заболените, а со тоа да се спречи и преоптоварување на здравствениот систем, односно да не се доведеме во ситуација во која некој граѓанин не би бил на време и соодветно третиран, стои во програмата.

Иницијативите за вакцинирање во западните земји се движеа од гратис производи кај одредени компании, до милионски лотарии во одредени држави во САД.

Во Германија по вакцинирањето, како стимул младите добиваат гратис пиво и колбаси, во Нов Зеланд беше организиран фестивал за вакцинација со бендови во живо, додека пак во Романија вакцинираните млади добиваа бесплатен влез во замокот на Дракула.