На влез на Скопје, во голема полициска акција запленети се над 100 килограми марихуана, објави МИА, а во акцијата има и преведени лица.
Акцијата се спроведува на влезот на Скопје, од страната на Тетово.
Од МВР повеќе детали најавуваат за утре.
Ова е втора голема заплена на марихуана во период од два дена, откако МВР и во текот на вчерашниот ден заплени околу 100 килограми.











