Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во последните денови од пописот граѓаните почнаа да доаѓаат во пунктовите сами да се попишат

/

пред 1834 дена

Сподели преку :

Пописот влегува во завршна фаза и остануваат уште 5 дена, а граѓаните кои не стапиле во контакт со попишувачите од денеска можат тоа да го направат на одредени локации низ општините. За пописниот реон 20 во кои спаѓаат Битола, Могила и Новаци, отворена е канцелларија во просториите на битолскиот Совет, а претпладнево триесетина граѓани кои веќе дознале за оваа можност, дојдоа да ја исполнат својата обврска.

Од пописната комисија уверуваат дека пописот во овој реон се одвива без проблеми и ќе заврши во предвидениот рок.

Пописот секаде е започнат, а во голем дел 60 посто е завршен, а во другиот дел е во тек. Сигурни сме дека до 30 септември пописот во општините Битола, Могила и Новаци ќе заврши, изјави Лилјана Кузмановска, државен инструктор.

270 попишувачи и натаму се на терен, со цел да влезат во секое домаќинство, некаде по втор и по третпат. Од комисијата не откриваат колку гаѓани одбиваат да се попишат, но велат дека иако  бројката не е загрижувачка, сепак попшувачите по втор, но и по трет пат  се обидуваат да ги убедат.

Имаме граѓани кои не сакаат да се попишат, ние сѐ уште одиме на терен и до 30 септември ќе настојуваме да ги убедиме дека е потребно да се попишат и да влезат во вкупното население во Република Македонија, вели Кузмановска.

Дражвниот завод за статистика објави дека заклучно со вчера попишани се вкупно  1.460.552 лица, 455.478 домаќинства и 632.742 станови.  Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 195.477 лица. Пописот започна на 5 и ќе трае до 30 септемеври.

Емилија Мисирлиевска