Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Врховниот судија Рибарев „амнестиран“ од Врховниот суд, си ја врати тогата, покрај бегството на Груевски и АКМИС злоупотребите

/

пред 1766 дена

Сподели преку :

Жалбениот совет при Врховниот суд расправаше по жалбата на Стојанче Рибарев против одлуката на Судскиот совет, за негово разрешување од судиска функција, донесена на 14-ти јули годинава.

На седницата, Советот ja уважи жалбата на Рибарев со што се укинува решението за негово разрешување, соопштуваат од Врховниот суд.

Tој беше разрешен поради злоупотреби во електронскиот систем за самостојна распределба на судски предмети, и местење на предмети за висока корупција против поранешни високи функционери. Рибарев направи интервенција по која поранешниот премиер Никола Груевски беше оставен да се брани од слобода. Потоа осуден во случајот „Тенк“, Груевски штотуку требаше да влезе во затвор, избега во Унгарија.