Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Град Скопје ја зголеми помошта за семејствата на загинатите во несреќата во Бугарија на 3,5 милиони денари

/

пред 1759 дена

Сподели преку :

На барање на градоначалничката Данела Арсовска, на денешната втора седница на Советот на Град Скопје, сумата во предлог-одлуката за доделување на паричната помош за семејствата на загинатите во автобуската несреќа што се случи во соседна Бугарија се зголемува на 3,5 милиони денари, со цел да се излезе во пресрет на семејствата, соопшти прес-службата на Град Скопје.

– На оваа седница предлагам оваа ставка да се зголеми на 3,5 милиони денари, со цел да се излезе во пресрет на семејствата на загинатите и повредените од сообраќајната несреќа, изјави Арсовска во обраќањето на втората седница на Советот, по неговото конституирање.

Градот Скопје, како што се наведува во соопштението уште еднаш изразува длабоко жалење и сочувство до семејствата на настраданите, а на повредените им пожелува побрзо закрепнување.

Првичната сума за семејствата на загинатите изнесуваше два милиона денари.