Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Да се вработат толкувачи за глуви лица во институциите бараат од Здружението „Млад знак“

/

пред 2199 дена

Сподели преку :

Вработување на толкувачи за глуви лица во државните институции, за да се олесни комуникацијата. Ова го побараа од Здружението „ Млад знак“, од каде рекоа дека во државата има над 7000 глуви лица, за кои има на располагање само 15 активни и 33 лиценцирани толкувачи.

Среќна околност е што постои интерес за изучување на знаковниот јазик , што дава надеж дека проблемот со толкувачите ќе биде надминат, но државата треба да покаже интерес да ги ангажира, порачаа од „ Млад знак“, одбележувајќи ја Неделата на знаковниот јазик.

  • Најголем проблем ни е комуникацијата. Најголема бариера е свесноста на институциите , да ни излезат во пресрет , да има толкувачи на знаковен јазик . Затоа што без толкувачи , едноставно не можеме. Ние сме врзани со нив. За било каква потреба, за било каква институција , тоа ни е најважно и најголем проблем- Кристина Божиновска Гикова, претседателка на Здружението на глуви и лица со оштетен слух „Млад знак“.