Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Седум починати од Ковид-19 во Тетово за едно деноноќие

/

пред 1876 дена

Сподели преку :

Во Клиничката болница во Тетово за едно деноноќие починаа 7 лица по компликации од ковид 19. Продолжува и зголемувањето на бројот на хоспитализации. Дури 111 лица позитивни на ковид се лекуваат во тетовската болница.

По компликации од ковид 19, дури 7 лица починаа во Клиничката болница во Тетово во изминатите 24 часа. Пациентите биле на возраст од 45 до 73 години, сите со предходни хронични заболувања. Ниту еден од нив не бил вакциниран.

Од ден во ден се зголемува потребата за хоспитализација и прегледи во амбуланта во тетовската болница.

Инаку во тетовскиот регион постојано расте бројот на заразаени со ковид 19. Заклучно вчерашниот ден има 1330 активно болни.

Данијела Билбилоска