Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Делчево и Македонска Каменица со над 80 заразени

/

пред 2220 дена

Сподели преку :

Крајниот исток веќе еден месец  е коронажариште, отакако првите случаи беа пред се млади луѓе, сега вирусот се шири во семејствата. Различна е возраста на заразените, а имаат и десет потешки случаи, кои се лекуваат во Ковид центрите.

Во моментов во Делчево и Македонска Каменица има над 80 заразени. За викендов имале лажна слика, заради малиот број на тестирања, но деновиве бројките се високи.

Точно напладне не е раздвижено низ улиците на Делчево. Мештаните велат дека едно е заради тоа што одамна голем број на семејства се иселиле , а втората причина е стравот од ширење на коронавирусот.  И покрај апелите на делчевските здравствени работници, граѓаните  што ги сретнавме на улица и покрај тоа што велат дека ги почитуваат мерките не ги носат маските.

Делчевскиот Здравствен дом се подготвува за есенскиот бран. Посебен оддел имаат за сомнителните, но и болните од коронавирусот. Со помош на МИнистерството за здравство овод одделе е опремен со нови кревети, а пациентите нема да патуваат до соседните градови или да се шетаат низ Здравствениот дом, додека ги чекаат резултатите или пак треба да ја примат терапијата.

Викторија Јованова