Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ДЗС: Попишани вкупно 1.619.857 лица

/

пред 1833 дена

Сподели преку :

Вкупно милион 619.857 лица, 503.491 домаќинство и 711.695 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика.

До крајот остануваат уште три дена пописни активности. Освен во своите домови, граѓаните можат да се попишат и на одредени пунктови во нивните општини што ги отвори Државниот завод за статистика.

Голем дел од граѓаните реагираат дека кај нив попишувачите се уште не поминале, а во населбата Лисиче на бандера се закачени повици до граѓаните да одат да се попишат во општината Аеродром. Од Државниот завод за статистика демантираат дека попишувањето по домовите е завршено.

Велат дека не оставаат информации по бандери, туку непронајдените граѓани од попишувачите се информираат со формулари  или телефонски броеви оставени пред нивните домови, за да се договорат со попишувачите повторно да поминат кај нив.