Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ДИК го заклучи Избирачкиот список, на изборите ќе може да гласаат 1.824.864 граѓани

/

пред 1835 дена

Сподели преку :

Вкупниот број гласачи што ќе имаат право да гласаат на Локалните избори на 17 октомври 2021 година е 1 824 864.  Членовите на Државната изборна комисија вечерва едногласно ја усвоија одлуката за заклучување на Избирачкиот список.

Како што соопшти потпретседателката на ДИК, Дитмире Шеху,  од вкупниот број гласачи, во изводите на Избирачкиот список се запишани 1.740.147 гласачи. Во посебните извори од Избирачкиот список за лица кои согласно евиденцијата на надлежниот орган се на привремена работа или престој во странство се запишани 82.461 гласач, на издржување казна затвор или се во притвор се запишани 1.899 гласачи, лица кои се во установи за вонсемејно сместување се запишани 351 гласач и во посебниот извод на Избирачкиот список кои согласно евиденцијата на МТСП се водат како внатрешно раселени лица се запишани шест гласачи.

Потпретседателката Шеху и членот на ДИК Кренар Лога имаа издвоено мислење т.е. несогласување за Избирачкиот список што се однесува до општините Чучер-Сандево и Бутел и изјавија дека нема да ги потпишат изводите за овие две општини.

За утврдување на изгледот и содржината на гласачкото ливче што беше точка од дневниот ред, членовите на ДИК ќе одлучуваат на затворен дел од седницата.