Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Евакуирани згради и затворени улици во центарот на Скопје поради лажна дојава за напад

/

пред 1768 дена

Сподели преку :

Полицијата вечерва затвори повеќе улици во центарот на Скопје и евакуираше неколку згради поради лажна пријавата за напад во Македонскиот народен театар.

Ја известуваме јавноста дека МВР ги направи потребните проверки и утврдено е дека пријавата за напад е лажна.
Се преземаат мерки за утврдување на пријавата и преземање на соодветни мерки и санкции против личноста која лажно пријавила.
Им благодариме на граѓаните за трпението, и на медиумите за професионалниот однос кон ситуацијата, соопштија од МВР

Од МНТ за Телма потврдија дека добиле пријава за терористички напад во нивната билетарница по што целосно го испазниле објектот, а дека било побарано да се евакуираат ни потврдија и од Националната опера и балет.

Покрај нив, беа евакуирани и објектите на Медиумската информативна агенција, Секретаријатот за европски прашања, Државната комисија за спречување корупција и Министерството за надворешни работи.

Полицијата беше распоредена по сите околни улици и пристапот беше ограничен.