Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Една година од пожарот во струмички Глобал, обвинителството сѐ уште не ја затворило истрагата

/

пред 1734 дена

Сподели преку :

Лани трети јануари во Струмица осамна со мирис на чад и саги, и стотици лица кои во очај гледаа што останало од трговскиот центар Глобал. Една година помина од пожарот во кој изгоре речиси половина градски пазар и голем број деловни објекти. Милионската штета ги остави трговците со месеци без егзистенција. Од здружението на сопственици на дуќани во Глобал велат дека конечно обновата на трговскиот центар е во завршна фаза.

И по една година, се уште нема официјална информација што е причината за пожарот и каде е одговорноста. Од основното јавно обвинителство велат дека се очекува извештајот од вештачењето на хидроинжинер од Бирото за судски вештачења.  Гасењето на пожарот минатата година беше отежнато и поради нефункционалните хидранти. Пожарникарите сведочеа дека ниту еден хидрант во Глобал немал вода, а не можеле ниту да ги користат хидрантите во градот. Вентилите на хидрантите во градот не се компатибилни со опремата и стандардите на приклучоците коишто ги користат струмичките пожарникари.

Штетата во пожарот на Глобал изнесуваше над еден милион евра. Најголемиот дел од средствата ги обезбедија локални и регионални компании со донации на финансиски средства, материјали но и со работна рака.

Сузана Мицева