Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Едно дете позитивно на корона вирус во градинка во Струмица, во изолација две воспитувачки и 11 дечиња

/

пред 2207 дена

Сподели преку :

Втор случај на дете позитивно на корона – вирусот во градинка во земјава. Една група во централната градинка во Струмица од денеска е затворена, а двете воспитувачки и 11 деца ќе бидат во изолација 14 дена, бидејќи во групата имало дете позитивно на КОВИД – 19.

Резултатот од тестот на детето пристигнал денеска по што во градинката дошла екипа од Центарот за јавно здрваје – Струмица и направила епидемиолошка анкета.

Родителите од групата биле известени и дошле по своите деца. Инаку, детето посетувало градинка само три дена. Од понеделникот не дошло во групата. Детето го добило вирусот од член на семејството.

Директорот на детската градинка во Струмица вели дека е направена контрола во просториите на градинката и било утврдено дека се запазуваат протоколите за работа, поради што останатите групи ќе продолжат да функционираат.

Од отворањето на градинките на 09 септември, ова е втор случај на дете позитивно на КОВИД – 19. Првиот случај беше во Скопје. А досега имаше регистрирано и воспитувачки позитивни на корона – вирусот во детски градинки во Свети Николе и Битола.

Сузана Мицева