Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Жена загина во пожар во скопски Аеродром

/

пред 1758 дена

Сподели преку :

66-годишна жена од скопски Аеродром загина во пожар во нејзиниот стан.

Командантот на Противпожарната бригада Владимир Симоновски изјави дека пожарот го зафатил делот со креветот каде лежела жената, која била сама во станот и поради тешката здравствена состојба не можела да побегне и најверојатно се задушила од чадот.

Според првичните информации на настраданата и бил дијагностициран рак и за денеска имала закажана операција. Таа живеела сама во станот.

Од МВР информираат дека околу 21 часот полицијата добила пријава за пожар во стан на ул. „Методија Шаторов – Шарло“, сопственост на  М.Ш. (1955) која била во станот и починала.

„Од страна на доктор во 21:30 часот констатирана е смрт. Пожарот е изгаснат од страна на БППЗ. По наредба на Јавен обвинител телото е предадено на судска медицина за обдукција. Екипа на Министерството за внатрешни работи и Јавен обвинител вршат увид во опожарениот стан кај починатата- соопштија од МВР.