Обдукцијата на четири од 14 тела донесени на Судска медицина е завршена, потврди директорот на Институтот Александар Станков.
Донесени се 14 тела на загинати во пожарот во Тетово. Веднаш беше формиран тим а обдукциите започнаа доцна синоќа. Во тек се обдукциите и очекуваме денеска да се завршат а понатаму ќе продолжиме со употреба на идентификационите методи. Се надевам дека до утре, најдоцна до сабота, ќе завршиме со комплетната идентификација, рече директорот Станков.











