Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Заев денеска ќе ја депонира оставката во Собранието

/

пред 1747 дена

Сподели преку :

По завршувањето на обраќањето на претседателот Стево Пендаровски се очекува премиерот Заев да ја депонира оставката во Собранието со што во оставка ќе биде целата Влада.

Според Уставот и собранискиот деловник, Претседателот на државата е должен во рок од 10 дена да го довери мандатот, на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието, во конкретниот случај најверојатно тоа ќе биде лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски.

Мандатарот е должен во рок од 20 дена да му поднесе на Собранието програма и да го предложи составот на Владата. Седницата за избор на Владата се одржува во рок од 15 дена од денот на приемот на прелогот за состав на Владата и програмата.

Во партиите во тек се внатрепартиски консултации за изборот на новиот владин кабинет.