Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Заев: Одлуката за Филипче ќе ја донесам врз основа на експертскиот извештај

/

пред 1847 дена

Сподели преку :

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека врз основа на експертскиот професионален форензички извештај од истрагата ќе ја донесе одлуката во врска со оставката што до него ја достави министерот Венко Филипче.

Тоа ќе влијае конечно како да ја донесам одлуката. Впрочем, како што соопштив во соопштението кое го објавив во саботата, рече Заев по отворањето на МЕФ и дополни дека се уште нема информации од истрагата.

Премиерот повтори дека пожарот во модуларната болница е голема трагедија.

Тешко ни е на сите, на цел народ за големата загуба, се случи страшна трагедија, најтешко им е на семејствата, но и на мене. Јас сум само обичен човек, и јас чувствувам. Немам информација до каде е истрагата. Знам дека експерти форензичари од МВР работат заедно со тимови, од ДЗС за пожарите, стигнати и се луѓе од Германија. За мене е важно да има брз резултат зашто тоа го бараат граѓаните, но и Владата, институциите, извештајот да биде експертски, да ги даде сите одговори, истакна Заев.

Заев изјави дека не мисли оти цела Влада треба да си поднесе оставка поради несреќата во Тетово, а за понудените оставки на министерот Венко Филипче, неговиот заменик Илир Хасани, директорот и економскиот директор на тетовската болница, Флорин Бесими и Артан Етеми ќе се произнесе откако ќе заврши истрагата. Тој посочи дека нема информации до каде е истрагата.