Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Заев останува претседател на СДСМ и премиер, онолку колку што е потребно за стабилизирање на парламентарното мнозинство

/

пред 1808 дена

Сподели преку :

Овие овации и аплаузи со кои беше пречекан лидерот Зоран Заев, најавија дека Централниот и Извршниот одбор на СДСМ нема да ја прифатат понудената оставка. Доцна синоќа, партиските тела едногласно утврдија дека оставката треба да биде одложена на неопределено време. Самиот Заев нешто по полноќ едвам подзастана пред неколкуте камери, прв пат по 10 дена. Се обиде да објасни дека и тој самиот, најавувајќи оставки, рекол дека ќе остане претседател онолку колку што е потребно за стабилизирање на парламентарното мнозинство.

Извршниот и Централниот одбор дискутирале и за изборните резултати и за одговорноста, но пресуден бил, како што велат, моментумот.

Со останувањето на Заев на чело на партијата, останува и целото партиско раководство. Потпретседателот Филипче не размислува за оставки.

Изминативе денови, дел од првите луѓе на партијата најавија дека ќе го следат претседателот во неговото давање оставка. Потпретседателката Мила Царовска и претседателот на Надзорниот одбор Горан Сугарески преку социјалните мрежи се заблагодарија на укажаната доверба и потврдија верност на социјалдемократските вредности. Откако партиските органи ја замрзнаа оставката на претседателот, останува на власт и целото партиско раководство.

Соња Николовска