Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Заев ја одложи оставката

/

пред 1808 дена

Сподели преку :

Премиерот и Претседател на СДСМ Зоран Заев ја одлага оставката на неодредено време. Одлуката е едногласно донесена на ЦО на партијата. ЦО смета дека државата не смее да влезе во нова политичка криза. Ќе се чека и исходот од гласањето за доверба на Владата.

Имаше плодна дискусија на членовите на Извршниот одбор и Централниот одбор и со оглед на моментумот во кој се наоѓа државата, беше препорачано и едногласно беше донесена одлука претседателот и премиерот да ја одложи оставката на неодредено време. После долги години режим државата се гради на демократски и слободарски вредности и овој моментум не смее да се пропушти, изјави Перо Костадинов по завршувањето на состанокот.