Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Запленета марихуана вредна три милиони евра, кривични пријави се уште нема

/

пред 1698 дена

Сподели преку :

Се уште нема кривични пријави за синоќешната акција во Струмица, во која се заплени марихуана вредна 3 милиони евра. Основното јавно обвинителство Струмица ќе истражува дали има поврзаност помеѓу двете акции во Струмица и Ресен.

Марихуана вредна три милиони евра заплени полицијата синоќа во Струмица во фирма што се занимава со прозиводство на канабис за медицински цели. Станува збор за еден ипол тон непријавена мархуана. Не е познато за која фирма се работи. Во струмичко има повеќе компании што се занимаваат со прозиводство на канабис, а полицијата не сакаше да каже во која од нив се откриени неправилностите.

Струмичани се вмешани и во втора акција со марихуана којашто синоќа се случуваше на територија на ОВР Ресен. Двајца струмичани превезувале марихуана спакувана во три торби, чија вредност се проценува на 200 илјади евра.

Основното јавно обвинителство синоќа било на терен заедно со полицијата. Детали за истрагата не откриваат, а повеќе информации најавија дури следната недела. До овој момент до основното јавно обвинителство  нема кривични пријави за синоќешната полициска акција.

Истрагата ќе треба да покаже дали има поврзаност помеѓу двата случаи во Струмица и Ресен.

Сузана Мицева