Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

За половина час од Ново Лисиче до Ѓорче Петров со автобуско метро

/

пред 2254 дена

Сподели преку :

Наместо за 70 минути, од Ново Лисиче до Ѓорче Петров ќе се стигнува за околу половина час со јавен превоз.

Град Скопје официјално ја започна постапката за проектот автобуско метро. Освен споменатата релација, се прават анализи и за поврзување на Кисела Вода и Бутел.

Но, вчера е објавен тендерот за изработка на проектна документација за идеен проект за брз автобуски систем во градот Скопје, на трасата Ѓорче Петров – Ново Лисиче односно Запад – Исток.

Според проценките на Градот, околу 65 илјади патници на ден ќе ја користат оваа траса. Автобуси ќе се чекаат не повеќе од 3 до 4 минути. Возилата ќе бидат долги 18 метри и ќе работат на хибриден погон.

Понудите за јавниот повик треба да се достават до за еден месец односно најдоцна до 3 септември по што ќе се потпишува договор со Европската банка за обнова и развој.

Потоа ќе се објави и тендерот за набавка и воведување на новиот јавен превоз во главниот град.

Петар Догов