Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

За 400 денови автобусот на Беса транс границата ја поминал 135 пати без важечка лиценца

/

пред 1772 дена

Сподели преку :

Со лажна лиценца, автобусот во кој загинаа 45 патници на Беса транс минувал граници и превезувал патници. За превозот на патници користел лиценца од друг автобус, кој припаѓал на компанијата Беса транс.

Изводот од лиценца со бр. 22679 што се јавува во електронскиот систем на Царинската управа, а кој бил користен од опожарениот автобус при излез од земјата, е број на извод од лиценца на друго возило, со други регистарски таблички, исто во сопственост на превозникот Беса транс, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Автобусот бил стар 14 години, бил во исправна состојба и имал важечка регистрација. Но, иако ги немал потребните лиценци, автобусот слободно ги минувал границите. Дури 135 пати за 15 месеци.

Предметниот автобус во 2020 година во 22 случаи има остварено влез и излез од државата, додека во 2021 има остварено 113 преминувања на државната граница, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

И двајцата возачи на автобусот не биле вработени во Беса транс, а едниот од нив лани во септември му истекло важењето на сертификатот.

Инспекторатот за транспорт дури денеска успеа да влезе во Беса транс да направи вонреден инспекциски надзор. Четири дена по несреќата, инспекторите успејаа да влезат во канцелариите на фирмата, откако вчера биле недостапни и во седиштето на Беса транс, во Рашче и во скопските агенции.

Сотир Трајков