Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Здруженијата на лица со попреченост бараат промена на ковид протоколите

/

пред 1840 дена

Сподели преку :

Здруженијата на лица со попреченост со иницијатива за промена на ковид протоколите за лекување на пациенти со попреченост. Бараат да биде дозволена придружба во болнички услови, затоа што на овие лица им е потребна 24 часовна грижа.

Да се направи исклучок, со пациентите со попреченост во ковид центрите да биде и еден од родителите, предлага претседателот на Здружението за церебрална парализа од Тетово, Зоран Андонов. Тој вели дека ова прашање кое долго време се провлекува помеѓу здруженијата се наметна по последниот случај со пожарот кој се случи во модуларната болница, каде беа хоспитализирани и починаа две лица со попреченост. Андонов вели дека овие лица имаат потреба од деноноќна грижа.

Иако свесни за ковид протоколите кои не дозволуваат посети, сепак родителите на деца со попреченост инсистираат да бидат со нив затоа што постои ризик несвесно да ја тргнат маската за кислород.

Здружението за церебрална парализа има 230 члена од Тетово и од тетовско, а во изминатиот период како последица од ковид 19 починале неколкумина.

Данијела Билбилоска