Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Израмнетиот број советници го блокира советот на Општина Берово

/

пред 1741 дена

Сподели преку :

Берово пред блокада, откако советниците на последната седница не го изгласаа буџетот за 2022 година. Истиот број на советници во салата не му даде зелено светло.

Градоначалникот, Звонко Пекевски вели дека опозицијата го искористила отсуството на претседателот на Советот, па седумте советници од СДСМ гласале за, а седумте од од ВМРО-ДПМНЕ биле воздржани.

Ова е на штета на сите јавни претпријатија и корисници на буџетски средства. Втора шанса за работата на локалната самоуправа во Берово е токму на 31 декември, последниот ден од оваа година.

Телма по првиот круг на Локалните избори информираше дека на повеќе градоначалници нема да им е комотно во фотелјите. Во Брегалничкиот регион се очекува последните денови од 2021 година да бидат незивесни и за уште петмина градоначалници, каде што освен ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, во советите има и советници од ЛДП и ДОМ, Левица, но и независни советници.

Викторија Димитрова Јованова