Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Како ќе се разменуваат доверливи информации меѓу САД и Македонија- потпишан договор за заштита на класифицирани информации

/

пред 1747 дена

Сподели преку :

Ќе се разменуваат класифицирани информации и од одбрана, но и од технолошки и научни доверливи информации, според строги протоколи за заштита и при трансферот и при користењето на овие тајни.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи и амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Скопје, Кејт Мери Брнз, денеска, го потпишаа Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Соединетите Американски Држави за безбедносните мерки за заштита на класифицирани информации.

“Со денешното потпишување на Договорот за безбедносните мерки за заштита на класифицирани информации ја збогатуваме договорната рамка меѓу Северна Македонија и САД, што претставува уште една потврда на извонредните односи и довербата која владее меѓу двете пријателски земји. Како стратешки партнери и НАТО сојузници остануваме посветени на понатамошно јакнење на соработката во насока на постигнување долгорочна стабилност, демократизација и просперитет на земјава и регионот.”  – истакна Османи.

“Безбедноста зависи од ефективната размена на информации. Овој договор ја подобрува таа витална комуникација меѓу САД и Северна Македонија. Тоа е уште една пресвртница во зајакнување на соработката како партнери и НАТО сојузници и во работењето кон посигурна, попродуктивна иднина за сите.” – нагласи амбасадорката Брнз.

Со споменатиот Договорот се регулира начинот на размената на класифицирани информации во областите на надворешните работи, одбраната, безбедноста, владеење на правото, науката, индустријата и технологијата, при што се утврдуваат потребните мерки и процедури за нивна заштита.