Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кастриот Реџепи: Преку пораки добивав закани по живот

/

пред 1803 дена

Сподели преку :

Пратеникот Реџепи на денешната прес-конференцијата во врска со „исчезнувањето“ на денот кога требаше да се гласа за (не)доверба на Владата рече дека самоволно се засолнил со цел да не дозволи земјата да отиде во правец кој е спротивен на неговите убедувања.

„Јас сум мирен, со чиста совест. Нема поголема чест да ја водиш својата земја на патот кон слободат, демократијата, кон НАТО и ЕУ. Самоволно се засолнив на денот на седницата за доверба на Владата, за да не дозволам земјата да ни отиде во правец кој е спротивен на мојата идеолошка определба“, рече Реџепи.

Тој исто додаде дека дента добивал многу пораки меѓу кои и закани по неговиот живот.

Лидерот на Беса Билал Касами во четвртокот го пријави Реџепи како исчезнат во полиција, а ден потоа го исклучи од партијата.

Кастриот Реџепи преку видео обраќање на ФБ ги разби шпекулациите дека е киднапиран