Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кичеец побарал одложување на казната, затоа не се пријавил во Шутка

/

пред 2181 дена

Сподели преку :

Зоран Милески Кичеец бара одложување на три годишната затворска казна. Во меѓувреме ја променил адресата, и наместо во Скопје сега живее во Охрид, со ова го избегна скопскиот кривичен суд, па според законот за санкции, Охридскиот основен ќе одлучува за неговото барање.

Но, одењето зад решетки на Милевски секако ќе се одложи, бидејќи предметот сега е испратен во Охрид. Според законот – судија за извршување на санкциите ќе донесе одлука за нов термин за Милевски, кој денеска требаше да се појави во затворот во Шутка.

Со промената на адресата ќе се промени и локацијата, каде ќе ја издржува затворската казна, а тоа би значело дека тој ќе оди во охридскиот затвор.

Инаку, Кичеец, беше осуден на три-годишна затворска казна во ‘Рекет’ откако призна вина, но сега ниту судот, ниту адвокатите не откриваат која е причината поради која се бара одложувањето.

Во овој случај осудени се и поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева на 7 годишна затворска казна и Бојан Јовановски познат како Боки 13 на 9 години затвор