Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

КОД: Судски процес за украдени 20 илјади евра од Халк банка и разрешувањето на Лаличиќ

/

пред 2023 дена

Сподели преку :

Судскиот процес за украдени 20 илјади евра, украдени од Халк банка пред четири години, ја остави судијката Софија Лаличиќ без судиска функција.

Разрешена е, затоа што на судењето за разбојништво, го казнила адвокатот Асмир Алиспахиќ бидејќи на Фејсбук напишал статус против неа, нарекувајќи ја сваровски судија- судија дно.

Но, сега осудениот разбојник кој одлежува десет години казна затвор, го носи случајот пред меѓународниот суд за човекови права.

Се жали токму на судењето на Лаличиќ, негирајки дека тој е крадецот. Убедува дека постои друг кој веќе го признал делото.

Во КОД и за ставот на Лаличиќ, која смета дека со вакви разрешувања се оди на менување пресуди и заплашување на судии.

Во КОД и за судиската чистка и разрешувања, како да се по списокот на Катица Јанева и Стејт Департментот.

КОД е вечерва во 19:15 часот на Телма.