Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонија и Бугарија формираа партнерска мрежа за заедничко спречување на пожари

/

пред 1770 дена

Сподели преку :

Повеќе доброволни противпожарни друштва за поефикасно гасење пожари. Ова се искуствата од Бугарија за спречување пожари од поголеми размери. Југоисточна Македонија и Југозападна Бугарија формираа партнерска мрежа за заедничко делување при пожари. Одлуката е донесена по големите шумски пожари летово во Берово.

Југоистокот на Македонија и југозападна Бугарија формираа партнерска мрежа за заедничко спречување на пожари. Ваквата иницијатива следува по летните пожари во Малешевијата, кога огнената стихија за малку не се префлри и кон шумите на бугарска територија. Мрежата ја формира општините но и институциите од регионите на двете земји, а во не клучна улога ќе имаат доброволните противпожарни друштва.

За разлика од Македонија каде има ограничен број на доброволни противпожарни друштва, во Бугарија се поттикнува организирање на повеќе, во многу населени места затоа што тие се први нља терен и потребно е да ги зголемуваат вештитните за реагирање додека стигнат професионалните пожарникари.

Оваа мрежа за партнерски пристап во гасењето на пожари е продолжување на активностите коишто досега се спроведуваа во рамки на проект за прекугранична соработка со Бугарија, којшто го финансисра ЕУ. Вкупната вредност е 400 илјади евра.

Сузана Мицева