Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонија со нови пикови во пандемијата – 383 позитивни, 7 починати, 23% од тестираните позитивни на Ковид-19

/

пред 2183 дена

Сподели преку :

Нови алармантни Ковид-статистики. Здравствените власти бележат рекорден процент новозаразени.

Дури 23 проценти од тестираните се позитивни на вирусот.

383-ца од 1648 тестирани, што досега е убедливо највисок процент заразни за едно деноноќие од почетокот на пандемијата.

Битката со Ковид пак ја загубиле уште седум пациенти.

Во болнички услови починати се 7 лица, пациенти од Куманово (63г), Тетово (69г), Гевгелија (67г), Скопје (51г), Кавадарци (60г) и двајца пациенти од Битола (60 и 79г).

Скопје повторно е на врвот на листата градови со најмногу новозаразени -201.

Повеќе од половина од ново-потврдените случаи се од главниот град. Двоцифрени бројки на позитивни пак имаат Штип, Прилеп, Струмица, Куманово и Битола.