Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

МВР спроведува истрага за бруталното претепување на Ром во Битола

/

пред 2200 дена

Сподели преку :

Невладината организација „Аваја“ објави видео запис на кој се гледа како полициски службеник брутално претепува граѓанин во Битола.

„Ужаснати сме од видеото кое се најде на социјалните мрежи каде се гледа полициска бруталност врз лица од ромската етничка заедница“ соопштија од невладината и побараа овој случај веднаш да биде расчистен а полицаецот казнет за прекумерната употреба на сила.

Се огласи и МВР – Внатрешната контрола ги идентификувала полицајците од снимката.

„Во врска со видео материјалот објавен на социјалните мрежи, а на кое се гледа незаконито и непрофесионално постапување на полициски службеници, ве известуваме дека Одделот за внатрешна контрола веќе го утврди идентитетот на учесниците во настанот и презема мерки и активности за целосно расчистување на случајот по што јавноста ќе биде соодветно информирана“