Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мерките и препораките нема да поколеба голем дел од битолчани да ги запалат коледарските огнови

/

пред 2104 дена

Сподели преку :

Голем дел од битолчани не се откажуваат од божиќните празнувања кои започнуваат вечерва со палење на коледарските огнови, речиси во секое битолско маало. Граѓаните велат дека ќе ризикуваат и ќе се соберат да ја одбележат традицијата.

Верниците, ќе присуствуваат на богослужбите во храмовите за Божик, но со почитување на протоколите. Други пак велат дека за празнување ќе чекаат подобри времиња.

Некои пак, не се плашат од коронавирусот, но на Коледарските огнови нема да се собираат поради страв од казни.

Уште пред невогодишните празници, МПЦ апелираше да се празнува одгворно, да се почитуваат здравствените мерки. Митрополитот Петар, наместо изјава денеска не упати на неговото Божиќно послание, објавено на веб страницата на епархијата. Тој покрај другото се осврнува и на пандемијата и апелира да се почитуваат мерките.

За жал се чини дека не извлековме поука од опасноста од смротоносниот КОВИД-19 вирус. Покажавме дека сме крајно несериозни и неодговорни, почнувајќи од најповиканите, до најпоследните. Затоа аплерам да се запазуваат мерките за заштита, вели владика на Преспанско пелагониската епархија во Божиќното послание.

Од Инспекцискиот совет потсетуваат дека се уште е на сила забраната за групирање на повеќе од 4 лица на јавен простор, која ќе важи и вечерва за време на празнувањете на Коледе и собирањата покрај коледарските огнови, но и за во следните празнични денови.

Емилија Мисирлиевска