Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Министерот Филипче ја осудува злоупотребата на приориртетите за вакцинирање

/

пред 2057 дена

Сподели преку :

Министерот Филипче ја осудува злоупотребата и прекршувањето на приориртетите за вакцинирање согласно Националниот план за вакцинација.

,,Ниту едно лице кое не се наоѓа во групата која во моментов има приоритет за вакцинирање, а тоа се само здравствените работници кои работат во Ковид центрите и со ковид пациенти не смее да се вакцинира“, соопшти Министертвото за здравство.

Листите за вакцинација биле  доставени од страна на директорите на секоја здравствена институција и според Министерот истите уште утре веднаш ќе бидат ревидирани, а оние кои направиле злоупотреби ќе бидат соодветно санкционирани.

Реакцијата на Филипче следува откако медиумите објавија дека секретар во охридската болница се вакцинирал против Ковид-19, иако не бил ниту лекар, ниту здравствен работник.