Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Министерските и функционерските приходи под лупа за да се превенира криминал на белите крагни, најавува вицепремиерот за антикорупција

/

пред 2209 дена

Сподели преку :

Скратување на бројот на агенции, инспекторати и комисии со што ќе се намали бројот на директорските позиции, најавува првиот македонски вицепремиер задолжен за борба со корупција и криминал. Тврди дека само ќе координира и олеснува, а не дека ќе владее со целиот антикорупциски сектор. Оптимист е дека новите директори ќе бидат способни, а не партиски делегирани и дека државата ќе има систем да ги следи парите и приходите на функционерите.

Многу „ќе“ за идни активности и потенцирање дека како вицепремиер за борба со корупција нема да биде лидер туку координатор на антикорпциските институции и олеснувач во комуникацијата меѓу владата и оние што се борат против криминалот. Ова е кратката содржина на мандатното писмо на вицепремиерот Љупчо Николовски кој се уште го екипира својот кабинетски тим во новото владино портфолио.

Прва најава е дека ќе има контрола на приходите на функционерите- преку која ќе се отвораат случаи.

-Ќе се работи на развивање на системска алатка и концепт за следење на парите и капиталот на функционерите, за да може да превенираме незаконско зголемување на имотот на функционерите за време на вршење на јавната должноста и на сервис и одговорност кон граѓаните, изјави Љупчо Николовски, кој е заменик-претседател на Владата за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и за човечки ресурси.

Николовски не прецизираше дали ова алатка ќе се преклопи со сеуште некупениот софтвер во антикорупциската комисија преку кој полесно ќе се откриваат сомнителни пари и имот. Софтверот кој вреди неколку милиони евра се уште не е купен, за што е известен и Николовски, а со него за десетина минути ќе се проверува имотот и приходите, додека ветинг проверката сега се одвива рачно и со часови.

Во новите мерки од неговото мандатно писмо се и заложбите за укинување и намалување на бројот на институциите, бројот на внатрешните комисии преку кои се извлекува екстра приход за вработени во министерствата, но и намалување на привилегиите и нејасните дискрециони овластувања на министрите и директорите.

Николовски како главен кадровик во владата без одговор дали ДУИ ќе добие директорски позиции во УЈП, царина и АЕК како што се шпекулира- туку вели сега и јавноста ќе учествува во избор на директори кои мора да бидат способни, а не партиски.

-Ние сме тој мотор кој ќе ги движи процесите кој што треба да обезбеди јавност, транспарентност, отвореност и инклузивност на сите оние кои имаат капацитет да понудат нешто за својата татковина и сметам дека тоа е побитно од колку дали нешто потпаднало пред една, друга или трета партија, одговори Николовски.

Вицепремиерот Николовски бара трпение за антикорупциската борба која била закочена три децении.  Зошто нему му е доделена таа задача, упати за одговор кај премиерот Заев иако смета дека има добри компетенции.

-Знам и органите на партијата утврдија дека имам висок учинок и испорака на резултати, сам го објасни Николовски својот избор за прв вицепремиер кој треба да се бори против корупција.

Миомир Серафиновиќ