Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Министерството за здравство: 109 нови случаи, тројца починати

/

пред 2220 дена

Сподели преку :

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1486 тестирања, а регистрирани се 109 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-40, Куманово-10, Штип-3, Прилеп-12, Тетово-6, Струга-4, Битола-6, Охрид-7, Кавадарци-3, Гостивар-2, Струмица-2, Крива Паланка-2, Пробиштип-1, Пехчево-1, Виница-2, Делчево-1, Свети Николе-1, Кичево-4, Ресен-1, Неготино-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 89 оздравени пациент од: Скопје-29, Куманово-13, Дебар-2, Штип-4, Тетово-4, Велес-1, Битола-2, Гостивар-13, Струмица-1, Радовиш-1, Пехчево-1, Виница-2, Делчево-6, Свети Николе-4, Кичево-6.,

Починати се 3 лица, пациент од Кичево (64г), пациент од Скопје (61г) и пациентка од Македонски Брод (70г). Сите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14871,  бројката на оздравени пациенти е 12054, на починати е 609, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2208.

Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

  • Скопје 6054, активни 755
  • Куманово 1522, активни 277
  • Дебар 259, активни 28
  • Штип 1172, активни 111
  • Прилеп 510, активни 143
  • Тетово 1240, активни 121
  • Струга 587, активни 59
  • Велес 275, активни 27
  • Битола 221, активни 43
  • Охрид 354, активни 42
  • Кавадарци 189, активни 51
  • Гостивар 807, активни 146
  • Гевгелија 55, активни 30 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 9 на Богданци)
  • Струмица 75, активни 23
  • Крива Паланка 54, активни 18
  • Радовиш 45, активни 6
  • Крушево 17, активни 1
  • Кочани 155, активни 28
  • Пробиштип 86, активни 16
  • Демир Хисар 60, активни 3
  • Македонски Брод 74, активни 7
  • Пехчево 32, активни 25
  • Берово 64, активни 51
  • Валандово 9, активни 2
  • Виница 81, активни 31
  • Делчево 82, активни 63 (20 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
  • Кратово 21, активни 5
  • Свети Николе 298, активни 45
  • Кичево 279, активни 42
  • Ресен 147, активни 1
  • Неготино 47, активни 8 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1486 теста се преку: ИЈЗ-359, ЦЈЗ Скопје-14, Авицена-262,  Биотек-219, МАНУ -93, Жан Митрев (Филип Втори)-216, Систина со PCR метода -174, лабораторија Лаор –25, Судска медицина-12, ЦЈЗ Битола-83, Инфективна клиника-14, ГАК-15, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 154.948 тестирања на ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 79 пациенти. На кислородна поддршка се 43, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 2 позитивни деца, 2 мајки и 2 деца суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 6 нови, вкупно хоспитализирани се 21 пациенти. Нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 12, а во болницата во Штип се хоспитализирани 48 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 116, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

  • Чаир – 88
  • Гази Баба – 78
  • Аеродром – 110
  • Карпош – 78
  • Центар – 81
  • Кисела Вода – 87
  • Ѓорче Петров – 42
  • Бутел – 52
  • Шуто Оризари – 29
  • Студеничани – 30
  • Сарај – 22
  • Арачиново – 13
  • Илинден – 13
  • Сопиште – 7
  • Чучер Сандево – 3
  • Петровец – 8
  • Зелениково – 2
  • Странец – 8
  • Нераспределен-4