Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мицкоски во Топ Тема: Ако има вонреден конгрес, нема ниту да се кандидирам

/

пред 2195 дена

Сподели преку :

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ,  Христијан Мицкоски, во вечерашната Топ Тема, изјави дека доколку се одржи вонреден конгрес на партијата, тој нема ниту да се кандидира за претседателската функција.

Одговарајќи на прашањата за внатрепартиските превирања во ВМРО-ДПМНЕ и за тоа дали тој е одговорен за поразот на изборите, Мицкоски подвлече дека тој веќе пред Централниот Комитет на партијата доставил предлог за одржување вонреден конрес, но членовите на ова тело едногласно го одбиле.

Мицкоски оцени дека тој е последната брана од сите политичари кои се длабоко навлезени во криминал и корупција. Заради тоа “од сите страни сум напаѓан и ќе продолжам да бидам напаѓан”, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.