Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Млади разбојници: заедно имаат 35 години, а ограбиле 49-годишен маж на паркингот на МТВ

/

пред 1695 дена

Сподели преку :

МВР привело 17-годишна девојка и 18-годишно момче кое веќе има затворска казна, кои ги фатиле додека вршеле разбојништво.

Младите разбојници биле уапсени на паркингот кај МТВ додека ограбувале 49-годишен струмичанец, соопшти МВР:

-На 11.02.2022 во 22.30 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи – Одделение за криминалистички работи Аеродром и Драчево ги лишиле од слобода Е.А.(18) од Штип, за кого била распишана и потерница за издржување на казна затвор и 17-годишно женско лице од Скопје, кои биле фатени при извршување на кривично дело разбојништво.

Имено, на паркинг кај МРТВ, тие со закана со тврд предмет одзеле пари од Ѓ.С.(49) од с.Зубово, струмичко. Лицата се приведени и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.