Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Музичарите незадоволни од мерките на владата

/

пред 2188 дена

Сподели преку :

Поради серијата забави кои се случија последниве неколку дена власта реши со ригорозни мерки да стави крај на журкањето во ноќните клубови , локалите и кафани.

Уметниците и угостителите револтирани, сметаат дека поради неколку забави на кои не се почитувале мерките не треба да биде казнет целиот сектор.

Со месеци велат седеле , дома а сега повторно ќе им се забранат оние викенд – настапи кои им се единствен приход за живот.

И покрај тоа надлежните вчера се сретнаа со музичари и со угостители , не попуштаат и остануваат на ставот дека ќе мора со построги правила да се прилагодат да функционираат угостителите во есенските и зимските месеци. Стефан Петковски, сопственик на кафуле вели дека оваа мерка врз малите бизниси како неговиот ќе се одрази многу лошо затоа што и онака локалот не може да прими многу гости и мерките за заштита од корона се почитуваат .

Инаку за утре музичарите и угостителите најавија протест пред Влада со жива свирка и ди-џеј програма .против новите правила во угостителството.

Теодора Цветковска