Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Намален бројот на ковид случаи во текот на минатата недела

/

пред 1821 дена

Сподели преку :

За 11,8% помалку нови случаи на ковид се регистрирани во земјава во периодот од 4-ти до 10-ти октомври.

Најновиот извештај на институтот за јавно здравје вели дека се регистрирани 2.354 нови случаи во 33 градови.

Процентот на позитивност се движи од 7 до 13, со просек 10,2%. Најголем дел од регситрираните случаи се од Скопје, а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кратово.

Најмногу заболувале лицата над 60 гоини, а најмалку заболени има кај децата до 9 годишна возраст.

Сепак, извештајот вели дека кај сите возрасни групи има намалување на бројот на заболени. Пријавени се 93 смртни случаи во текот на минатат недела, од кои 40 се од главниот град.

Во текот на минатата недела се регистрирани 34 реинфекции, што е намалување за речиси 15 отсто. Заклучно со 10 октомври повторно се заразиле вкупно 625 луѓе.