Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

На списокот осомничени за нападот во Виена тројца македонски државјани

/

пред 2160 дена

Сподели преку :

Полицијата денеска потврди дека по барање на ЕВРОПОЛ утврдила дека тројца македонски државјани (меѓу кои и застреланиот Фејзулаи) се државјани на РС Македонија. Сите тројца се родени во Австрија. Се проверува дали биле во државата, дали имале контакти со некого и дали доколку имале македонски пасош го користеле за да патуваат низ Европа или кон Сирија.

Еве го одговорот од МВР:

Денеска (03.11.2020) од австриската полиција, преку Европол, до Министерството за внатрешни работи беше доставено барање за соработка и информации околу терористичкиот напад кој се случи синоќа во Виена.

Од списокот на австриската полиција, кој е доставен до повеќе полиции, меѓу кои и нашата, утврдено е дека три лица покрај австриското имаат и државјанство на Република Северна Македонија, и тоа К.Ф. (роден во Модлинг, Австрија), А.Г. (роден во Сент Полтен, Австрија) и У.А. (роден во Виена, Австрија).

Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР веднаш се стави на располагање на колегите од Австрија и интензивно соработуваме на сите елементи поврзани со овој случај.

Остварена е и директна комуникација меѓу премиерите Заев и Курц. Премиерот Курц изрази благодарност до премиерот Заев за искажаната солидарност и поддршка. Премиерите изразија подготвеност да ја продолжат комуникацијата и соработката во врска со терористичкиот напад доколку австриските служби утврдат таква потреба.