Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мицкоски поради изборни активности го прескокна распитот за кафеаната во Боемска, објавени нови „бомби“

/

пред 2287 дена

Сподели преку :

Опозицискиот лидер Христијан Мицкоски не дојде на повик на полицијата во станицата Беко за неговата посета во затворениот дел на винарија на улица Боемска поради изборни активности. Во станицата Беко дојде екс директорот на УБК и советник на министерот Чулев, Љупчо Андоновски кој беше во истата кафеана со Мицкоски. Тврди дека идејата да седнат во затворениот дел на кафеаната наспроти мерките за заштита од епидемија била негова, а сопственикот не ни знаел дека Мицкоски е вториот гостин. Откако си заминале ги слушнале медиумските информации за полицијата пратена таму.

Министерот Чулев ги пофали својот советник Андоновски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски затоа што ја признале грешката и рече дека по крај на постапката ќе одлучи дали за прекршителот од својот кабинет ќе има одговорност.

По петочниот распит на Ден Дончев за снимките како тој зема пари, се подготвува извештај кој најдоцна утре ќе заврши во обвинителството. Засега само Дончев кој е еден од ликовите во новите предизборни бомби е повикан во полиција, откако обвинителството соопшти дека ги чека материјалите од објавувачите за да почне постапка и дека нема да работи по нецелосни материјали. Но останатите актери на бомбите меѓу кои се и партиските лидери Заеав и Мицкоски засега не добија покани од полициски инспектори иако инспекторите имаат поддршка од министерот за овој чекор.

Денеска повторно беа објавени две бомби на Јутјуб, едната за Мицкоски, а втората за Заев со што продолжи употребата на снимени материјали во жешката изборна кампања.

Миомир Серафиновиќ