Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ го осуди објавувањето на снимките

/

пред 2274 дена

Сподели преку :

И на последниот ден од кампањата, се објавуваат прислушувани разговори на социјалните мрежи. На јутјуб каналот „Обнова на режимот“, денеска се појавија четири нови аудио снимки, на кои наводно се слуша гласот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој како што пишува разговарал со осумте независни пратеници, да не гласаат за законот за јавно обвинителство.

Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, го осуди, како што велат, ваквиот нечесен пристап, снимање и јавно објавување разговори кои се водени на средба со претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, која се одржа во канцеларијата на координаторот Никола Мицевски во Собрание, и на истата беше присутен и Мицкоски.

Бараме од надлежните органи да истражат кој, како и зошто ги снимал средбите. Како пратеничка група, се оградуваме од ваквите игри, кои очигледно се нова режија на некој кој покрај нас, бил присутен на средбата, со цел наше деградирање. Во однос на снимките, појаснуваме дека на „ју- тјуб“ се објавени само исечоци од по неколку секунди, а средбата и разговорот со Мицкоски траеше подолго, велат од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.