Нема да се бара одговорност од градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, кој викендов правеше свадба во Грачаница. Премиерот Зоран Заев вели дека не ги видел видео-снимките што ги пренесоа српските медиуми, на кои се вее српското знаме, се пее песната Косово е Србија, а еден од гостите во изјава вели дека, во Македонија Србите намаат право на венчавки во храмови на кралот Милутин, па мора да одат во Косово. Заев вели дека во изјавите на Богдановиќ, не препознал непочитување за Македонија, но осудува провокации.











