Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нема да се прегласува во Желино, Управниот суд ја поништи одлуката на ДИК

/

пред 1810 дена

Сподели преку :

Нема да се прегласува во Желино, Управниот суд ја поништи одлуката за прегласување донесена од Државната изборна Комисија.

БЕСА на одлуката за прегласување поднесе тужба која е прифатена, потврдија за Телма од прес службата на Управниот суд. Приговорот на ДУИ е отфрлен, а исто така е поништена одлуката за прегласување.

Целосната одлука ќе биде објавена во наредните 24 часа.

Со тоа останува конечниот резултат од вториот изборен круг во општина Желино, односно за градоначалник е избран кандидатот на движењето БЕСА.

Одлуката за поништување на гласањето на ова избирачко место по жалба на ДУИ во Државната изборна комисија предизвика гнев кај единствениот министер од БЕСА, Аријанит Хоџа. Подоцна министерот за земјоделие се појави и на фотографијата од состанокот на опозицијата кога беше објавено дека се собрани 61 пратеник за да бара недоверба на актуелната влада.