Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Непочитувањето на мерките и забавите придонесоа за раст на бројот на заболени

/

пред 2197 дена

Сподели преку :

Забавите со голем број присутни, непочитувањето на пртоколите се причина за зголемениот број на КОВИД – позитивни пациенти во Југоистокот. Инфектологот доктор Сашко Олумчев од Гевгелија вели дека причина за ширење на вирусот во овој период се најчесто младите лица.

За непочитување на протоколите и мерките се зборуваше и во Струмица. Општината, полицијата и угостителите се состанаа минатата седмица за да разговараат за проблемите во спроведувањето на мерките и препораките од здравствените власти.

Инспекциите најавуваат зачестени контроли и санкции за угостителите и граѓаните, бидејќи според нив поминал периодот на толеранција.

Сузана Мицева