Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ОВР Кичево: Од проверени 36 автобуси- 20 испратени на технички преглед

/

пред 1758 дена

Сподели преку :

Полициски службеници од Кичево вчера извршиле сообраќајни контроли на 36 автобуси што вршат превоз на патници.

-Од овој број на автобуси, 20 биле упатени во станица за технички преглед во градот. Притоа кај четири автобуси биле констатирани недостатоци на опрема, рече портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Сообраќајните контроли се редовна практика од страна на ОВР Кичево, на подрчјето што го покрива.

Неодамна сообраќајната полиција на подрачјата на Тетово и Гостивар за само шест часа откри седум технички неисправни автобуси.

СВР Тетово од 9 до 15 часот откри седум неисправни автобуси