Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Одреден денот кога Зоран Милевски – Кичеец ќе треба да се појави во затвор

/

пред 2203 дена

Сподели преку :

Осудениот во случајот Рекет, Зоран Милевски – Кичеец следниот месец ќе треба да почне да ја издржува затворската казна.

Ова го потврдуваат од кривичниот суд од каде не кажуваат точно кој датум му е одреден за да се појави а за сега не откриваат ниту за во кој  затвор доби упатен акт.

Велат дека одлуката сега се испраќа до него па тоа е причната поради која не откриваа детали, се додека тој не потврди дека ја примил.

Рокот е 30 денови, но Милевски има можност да бара да се одложи неговото одење во затвор од повеќе причини како што се болест, смрт или тешка болест на близок, за да заврши неодложни работи, или пак за да се грижи за деца или немоќни лица.

Тој на стартот на процесот призна вина по што веднаш ја доби и пресудата. Освен Кичеец во истиот процес на 7 годишна затворска казна е осудена екс специјалната обвинителка Катица Јанева и на девет годишна затворска казна неформалниот соспственик на поранешната 1ТВ, Бојан Јовановски.